Седум Вардарци го напуштаат европскиот шампион


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар синоќа пристигна во Скопје, кадешто беше пречекан од огромен број навивачи низ улиците на главниот град на Македонија, а прославата кулминираше на плоштадот „Македонија“.

„Црвено-црните“ го освоија вториот трофеј во Лигата на шампиони во последните три години, а тажни вести се тоа што дури седум Вардарци ќе го напуштат клубот.

Тренерот Роберто Гарсија Парондо си заминува од Вардар и ќе стане селектор на Египат, а освен него од екипат заминуваат и шест ракометари.

Еден од нив е Игор Карачиќ, кој по седум сезони заминува од „црвено-црните“ и ќе настапува во Кјелце, кадешто има потпишано двегодишен договор.

Од клубот заминуваат и Рожерио Мораеш, кој потпиша за Веспрем, Дејан Милосављев ќе настапува во Фуксе Берлин. Глеб Калараш ќе го облече дресот на Мотор, а Дмитри Кисељев потпиша за Чеховски Медведи, а клубот го напушта и Јања Војводиќ.