Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот ќе биде официјализиран во следните часови, доаѓа засилување по вкус на Луис Енрике.
Се зборуваше минатите денови, но сега трансферот е прашање на време, Пако Алкасер најверојатно против Еибар ќе го одигра последниот натпревар за Валенсија и ќе се пресели во Барселона.
Тој денес тренираше, а според некои информации утре нема да биде повикан против Еибар за да не повреди пред трансферот на кариерата.
Одличниот фудбалер каталонците ќе ги чини 30 милиони евра, а ќе чека шанса покрај триото МСН.
Сопственикот на Валенсија даде зелено светло за овој трансфер, а се шпекулира дека клубот мора да го продаде Алкасер не само поради неговата желба да замине, туку поради тоа што останаа без ЛШ, а ги доведоја Нани, Монтоја, Медран и Марио Суарез.
Им се закануваат проблеми со финансискиот ферплеј, па заедно со напаѓачот уште еден фудбалер ќе си замине од Местаља, Шкодран Мустафи кој е на мета на Арсенал.