Сега се е јасно! Зидан сопственик на најскапиот трансфер во историјата, две изненадувања во топ 5


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова би можело да реши некои работи.

Кој се најскапите трансфери на сите времиња? Иако податоците за оштетите се лесно достапни често се поставува прашањето како ќе ги вреднуваш трансферите во различните временски интервали. Колку вреди, да ги речеме тие 73.5  милиони евра колку што Реал во 2001-ва година плати на Јувентус за Зинедин Зидан во однос на оние 101 милион за кој истиот клуб го доведе Герет Бејл од Тотенхем?

Едноставната пресметка е коефициентот на инфлација на платениот износ на оштетата, а еден таков стана апсолутен хит на Редит. Според него Зинедин Зидан е сопственик на најскапиот трансфер на сите времиња бидејќи тие 73.5 милион евра се еквалитенти на денешни 188.32 милиони.

На второто место остана Кристијано Роналдо чии 94 милиони скокнаа на 150 милиони, а следат нешто постари трансфери. За Џанлуиџи Буфон очекувавме дека е високо, но не изненадија Руи Коста и Гаицка Мендеита. Португалецот во 2001-ва година за 49.7 милиони евра се пресели од Фиорентина во Милан, а Мендеита истата година Валенсија ја промени со Лацио за 48 милиони евра. Како и трансферот на Зидан и оваа се дигнаа 2.5 пати. Успешна беше таа 2001-ва година.

ТОП 20 трансфери:

Зинедин Зидан (Јувентус – Реал Мадрид, 2001) 188.32 милиони
Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид, 2009) 150.74
Џанлуиџи Буфон (Парма – Јувентус, 2001) 133.08
Руи Коста (Фиорентина – Милан, 2001) 124.79
Гаицка Мендеита (Валенсија – Лацио, 2001) 120.52

Герет Бејл (Тотенхем – Реал Мадрид, 2013) 123.13
Златан Ибрахимовиќ (Интер – Барселона, 2009) 110.65
Роналдо (Интер – Реал, 2002) 108.25
Хуан Верон (Лацио – Манчестер Јунајтед, 2001) 106.96
Рио Фердинанд (Лидс – Манчестер Јунајтед, 2001) 106.6

Нејмар (Сантос – Барселона, 2013) 106.15
Кака (Милан -Реал, 2009) 105.3
Лилијан Турам (Парма – Јувентус, 2001) 104.2
Павел Недвед – (Лацио – Јувентус, 2001) 103.45
Гонзало Игуаин (Наполи – Јувентус, 2016) 90 милиони

Луис Суарез – (Ливерпул – Барселона, 2014) 88.69
Хамес Родригез (Монако – Реал Мадрид, 2014) 86.63
Карлос Тевез (Вест Хем – Манчестер Сити, 2009) 84.99
Фернандо Торес (Ливерпул – Челси, 2010) 83.14
Андриј Шевченко (Милан – Челси, 2006) 82.77