Сејдини доби нов мандат до 2025 година!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Муамед Сејдини ја доби довербата на делегатите кои беа присутни на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија и ќе отане на чело на македонскиот фудбал до 2025 година.

Собранието го одбележаа многу контроверзи, а на него присуствуваа само 52 од 96 делегати и сите гласаа „ЗА“.

ОФС Тетово, ОФС Кочани, ОФС Струмица го бојкотира Собранието, а Шкендија, Тетекс, Пелистер, Победа и други тимови објавија дека не го признаваат.

Претходно по Сејдини удри и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој откри дека претседателот на ФФМ сакал да го избрка Игор Ангеловски пред натпреварите против Косово и Грузија.