Сејдини имал позитивен тест на ковид-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека претседателот Муамед Сејдини е позитивен на ковид-19.

Сејдини пред неколку дена почуствувал симптоми на вирусот, а неговиот тест во саботата бил позитивен и сега тој мора да оди во карантин, а затоа не беше ни на мечот меѓу Македонија и Лихтенштајн.

Претседателот на ФФМ ќе мора да го пропушти и мечот против Германија, кој се игра на 31 март, а фудбалерите за Дуизбург заминуваат во вторник наутро.

Натпреварот против Германија е закажан за среда со почеток од 20.45 часот.