Сејдини ќе се кандидира за нов мандат на чело на ФФМ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини ќе се кандидира за нов мандат за прв човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Денеска се одржа собранието на ОФС Кичево, каде што делегатите му дадоа поддршка на Сејдини, кој претходно најави дека ќе се кандидира за нов мандат, ако добие поддршка.

Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година, кога го наследи Илчо Ѓоргиоски, кој се повлече од функцијата, а дотогаш Сејдини му беше десна рака.