„Секој тим во светот би посакал фудбалер како Адеми!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми си замине од Динамо Загреб по 13 години и потпиша за Пекинг Гуан од Кина, а босанската легенда Вахид Халилхоџиќ имаше само пофални зборови за искусниот фудбалер.

Халилхоџиќ смета дека секој тим во светот треба да има фудбалер како Адеми.

„Јас со Адеми имам само убави спомени. Кога бев во Динамо, тој беше сè уште млад. Адеми не е фудбалски магионичар, но тој е фудбалер каков што секој тим треба и мора да има. Неверојатно позитивна личност, вистински лидер и водач на теренот. Јас само му посакувам да биде здрав и да одигра уште неколку добри сезони“, кажа Халилхоџиќ.