Секулов потпиша договор со Јувентус до 2025 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот младински репрезенативец на Македонија, Никола Секулов ја продолжи соработката со бившиот италијански шампион Јувентус до 2025 година.

Секулов е роден во Пјаченца, а во младинскиот тим на Јувентус пристигна пред пет години, откако претходно настапуваше за екипите на Пјаченца, Парма и Про Пјаченца.

„Старата дама“ очигледно е задоволна од неговите квалитети и поради тоа реши да му го продолжи договорот на уште четири години, па можеби Македонецот ќе дебитира наскоро и за првиот тим на гигантот.