Селекорот на Германија заврши во болница


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јоаким Лев нема да ја води репрезентацијата на Германија за време на наредните два натпревари

Селекторот на Германија заврши во болница и таму ќе остане и во наредните денови, и нема да може да ја води репрезентацијата за време на дуелите против Белорусија и Естонија.

Лев пред неколку седмици доживеа навистина бизарна несреќа. Имено, за време на вежбање му падна тег на прстот и му предизвика проблеми со артеријата и мораше да биде хоспитализиран.

„Третманот тече во најдобар ред, но лекарот советуваше да го поштедиме селекторот во наредните акции. Затоа Маркус Сорг ќе го превземе кормилото на репрезентацијата во наредните натпревари со помош на тренер-голманот Андреас Копке“, соопштено е од ДБФ.

Се огласи и Јоаким Лев …

„Се чуствувам добро, но морам да одмарам и во наредните четири седмици. Во контакт сум со мојот тим, имаат искуство и ова ќе го пребродиме“, рече тој.

Пред селекцијата на Германија се релативно два лесни предизвици во наредниот период.

Репрезентацијата на Германија на 8 Јуни ќе гостува кај селекциата на Белорусија, а три дена подоцна ќе ја дочекаат селекцијата на Естонија.

Германија за сега има одиграно само еден натпревар, а на тој ја победија селекцијата на Холандија со резултат од 2:3.