Селекторот на Турција плачеше како мало дете по победата против Летонија 🎥


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Турција остана во игра за пласман на Светското првенство (СП) во 2022 година во Катар, откако вчера во драматична завршница успеа да ја победи Летонија со 2-1.

Турците стигнаа до три бода со гол од пенал на Јилмаз дури во 99. минута од натпреварот, а тоа емотивно го погоди селекторот Штефан Кунц.

Кунц почна да плаче како мало дете по победата на неговата екипа, која остана во игра за првите две места во групата.

Турција има два бода помалку од второпласираната Норвешка, односно четири помалку од Холандија, која е првопласирана во групата.