Селекторот на Унгарија со нови детали за повредата на Варга (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победата на Унгарија против Шкотска (1-0) падна во сенка на тешката повреда на Варга, кој мораше веднаш да биде пренесен во болница во Штутгарт.

Селекторот на Унгарија, Марко Роси кажа дека Варга се наоѓа во добра здравствена состојба, но за него е завршен настапот на Европското првенство (ЕП).

„Варга има повреда на јаболчната коска и наскоро мора да прави операција. Не е животна опасност, но нема повеќе да игра на ова Европско првенство“, кажа Роси.