Селтик убедлив, нерешено на Драгао

Селтик убедлив против израелскиот Апоел Бер Шева со 5:2. На полувремето беше 3:0 водство за Селтик а головите ги постигнаа Рогич и два погодоци на Грифитс. Во второто полувреме Маранхао и Меликсон намалија на 3:2, со голови постигнати еден по друг, но во 73тата минута во игра влезе Дембеле и со првиот контакт со топката постигна гол за 4:2, конечниот резултат го донесе Браун во 85тата.

Легиа на гостувањето во Ирска кај Дундалк славеше со 2:0 со головите Николикс во 54тата од Пенал и Пријовиќ во судиското надополнување.

Лудогорец победи со 2:0 против Плзен. Стрелци беа Моти во 51вата минута со гол од белата точка, а конечниот резултат го донесе Вура во 64тата.

Виљареал загуби на домашен терен од Монако со 1:2. Французите уште во третата минута со голот на Фабињо од пенал заводеа со 1:0, но Александре Пато на своето деби за Виљареал во 36тата го постигна својот гол за 1:1. Конечниот резултат беше донесен во 62рата со голот на Силва за 1:2.

За крај, најинтересниот дуел, единственото реми на ноќта, натпреварот од Драгао, Порто против Рома. Рома заводе во 21вата минута со автоголот на Монтеиро, а во 41вата останаа со играч помалку, Вермален доби втор жолт картон. Израмнувањето стигна во 61ва минута кога Силва стрелаше од белата точка.

Реваншите се за точно седум денови.