Семејна драма: Поранешен хрватски селектор бил нападнат од пијаниот син!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватските медиуми пишуваат дека поранешниот селектор на Хрватска, Игор Штимац бил нападнат од неговиот 30-годишен син Лука Штимац, кој бил во алкохолизирана состојба.

Инцидентот се случил во Сплит, а според неофицијални информации, синот на Штимац почнал да вика пред вратата, а потоа го нападнал физички.

Ќерката на Игор кратко потоа се појавила на врата да ја смири ситуацијата, а и таа била жртва на нападот на нејзиниот брат.

Во тие моменти, вратата автоматски се заклучила, па 30-годишниот син заминал пред зградата и се обидувал да се качи на тераса, при што неколку пати паднал.

Притоа заработил скршеница на потколеницата и зглобот на раката, по што бил хоспитализиран во клинички центар во Сплит, а против него е поднесена пријава поради нарушување на јавниот ред и мир и насилство во семејство.