Семејната фотографија на Салах предизвика низа коментари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ја подели јавноста по синоќешната семејна фотографија пред елка.

Синоќа беше најпознатиот католички празни Божиќ, а по таа причина бројни познати спортисти цел ден објавуваа семејни фотографии пред накитена елка, а ѕвездата на Ливерпул одлучи да им се придружи.

Тоа предизвика лавина негативни реакции кон оној дел од публиката која мисли дека Салах како муслиман не би требало да украсува елка, додека други одлучија да го пофалат овој потег.

Некои пак мислат дека потегот на Салах е за почит бидејќи ги почитува сите религии на светот.

Сепак, кога е во прашање фудбалот, Салах и неговиот Ливерпул вечерва ги очекува можеби и најважниот меч во Премиер лигата оваа сезона. Редси гостуваат кај Лестер и во случај на победа ќе го имаат трофејот со една рака по 20 години.

View this post on Instagram

??

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah) on