Семејството на Мбапе даде „зелено светло“ за трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ал Хилал испрати понуда од 300 милиони евра до ПСЖ, а Килијан Мбапе треба да заработи 700 милиони евра за една година во дресот на тимот од Саудиска Арабија со сите бонуси.

Семејството на Мбапе наводно се согласило на трансфер во Ал Хилал, но само под услов Французинот да одигра една сезона во Саудиска Арабија, а потоа да се пресели во Реал Мадрид.

„Кралевите“ долго време се заинтересирани за Мбапе и имаат шанса да го купат летово, но не сакаат да потрошат 200 милиони евра зашто францускиот голгетер има договор на уште една година.

Наскоро се очекува почеток на преговорите меѓу Мбапе и Ал Хилал, по кои ќе биде познато како ќе се одвива неговата иднина.