Семејството на Шумахер ги продава личните работи на легендарниот возач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарските медиуми пишуваат дека семејството на Михаел Шумахер мора да ги продаде личните работи на легендарниот возач за да го плаќа лекувањето на Германецот.

Германецот е под специјални третмани по тешката повреда на скијање, па семејството се обидува да обезбеди средства со кои ќе го финансира лекувањето.

Аукциската куќа „Кристи“ објави дека ќе бидат продадени осум скапи часовници од колекцијата на седумкратниот освојувач на Формула 1, кои треба да се продадат за милиони евра.