Семејството на Шумахер има големи планови за легендарниот возач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Семејството на легендарниот Михаел Шумахер има големи планови за иднината на поранешниот возач во Формула 1.

Светските медиуми пишуваат дека семејството ќе купи вила на Мајорка вредна 27 милиони евра, а таму Михаел ќе има целосен мир и тишина затоа што ќе биде далеку од јавноста.

Здравствената состојба на Шумахер сè уште е мистерија и се чува во тајност, иако имаше некои информации кои не беа официјално потврдени.

Вилата се наоѓа на имот кој Шумахер го посетуваше со хеликоптер и имаше сон да го купи додека беше активен возач, а сега сопругата Корина ќе му ја исполни желбата.