Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сенегалскиот борец Умар Кејн дебитираше во рингот во ММА на промоцијата на „Арес Фајтинг Чемпионшип“ и го прегази својот противник Софијане Букичу.
Кејн е шампион на Сенегал во борење и неговото деби во ММА-светот долго време се очекуваше. Висок е 196 см и тежок 120 кг, а во борење уште нема пора.
Дебитираше синоќа во Дакар, а од престолнината на Сенегал, Кејн испрати моќна порака до ММА-светот. Судијата мораше да ја прекине борбата во втората рунда по страшниот налет на Кејн.
Првата рунда помина во истражување на противничките слабости, а потоа Кејн реши сериозно да го нападне противникот.втората рунда се движеше во еден правец, а Кејн од страшните удари го натера судијата да го прекине мечот.