Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед се договориле со Кристијан Ериксен за тригодишна соработка и наскоро се очекува да биде промовиран како нов член на екипата.
Ериксен во Јунајтед доаѓа како слободен играч, откако во претходните месеци играше за Брентфорд, па така тренерот Ерик Тен Хаг без сомнеж ќе добие квалитетно засилување.
Одличниот фудбалер за врска во следните денови треба да ги помине медицинските прегледи, по што ќе потпише тригодишен договор со еден од најголемите клубови во светот.
Ериксен пред една година доживеа срцев удар на мечот од Европското првенство (ЕП) меѓу Данска и Финска, а иако му предвидуваа крај на кариерата, сепак Данецот си вгради дефибрилатор кој му дозволи да заигра фудбал.