Сензација од Тетово: Бабунски се сели во Шкендија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Порталот „Инфоспорт.мк“ објави дека Шкендија во јануари ќе се обиде да го ангажира поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски.

Шкендија заврши на првото место во домашното првенство во есенскиот дел од сезоната, но тимот од Тетово сака да ангажира дополнителни засилувања пред почетокот на новата сезона.

Бабунски се раздели неодамна со Ботошани и во Тетово ќе пристигне како слободен фудбалер, а се чека само официјална потврда на трансферот.

Бабунски во минатото играше за младинските категории на Барселона, а потоа се пресели во Црвена Звезда, па во Јапонија и на крајот се врати во Ботошани.

Извор: Инфоспорт.мк