Сензација во Виена: Сонего го изненади непријатно Ѓоковиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот италијански тенисер Лоренцо Сонего вечерва направи вистинска сензација во Австрија на АТП 500 турнирот во Виена, кога го победи првиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 6-2 и 6-1.

Од самиот старт Сонего играше фантастично и го изненади Ѓоковиќ, кој не можеше да најде вистински ритам, па беше немоќен против Италијанецот.

Ова е втор пораз за Србинот сезонава, откако претходно беше поразен во финалето на Ролан Гарос.

Сонего на крајот му дозволи на Ѓоковиќ да освои само три гема, што е еден од најтешките порази на Ѓоковиќ во последно време.