Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Ајакс приреди уште една сензација откако во вечерашниот натпревар славеше голема победа против Јувентус со 2:1 и со тоа заслужено се пласираше во полуфиналето.
Холандскиот претставник одигра маестрално второ полувреме во кое целосно го надигра домашниот тим.
Јувентус прв стигна до водство во 28. минута кога Кристијано Роналдо го пронајде патот до мрежата. Радоста на домаќините кратко траеше затоа што по само шест минути резултатот го израмни ван де Бек.
Во вториот дел иницијативата на Ајакс со гол ја круниса најбараниот стопер во Европа, Матијс Де Лихт кој натскока двајца играчи на Јувентус и ја смести топката зад грбот на Шчесни.
Овој резултат веројатно ќе значи и крај за Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус.