Сензационален трансфер на релација Мадрид – Севиља


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трансферот наскоро треба да биде официјален.

Матијас Краневитер е фудбалер на Атлетико Мадрид, но следната сезона ќе игра на позајмица во Севиља.

Тоа е резултатот од преговорите. Евер Банега ја напушти Севиља и доби добра замена, па Севиља не треба да се грижи за иднината.

Покрај позајмицата, во договорот не постои опција по која Севиља може да го откупи.

Овој 23-годишен фудбалер за врска одигра 8 натпревари за Атлетико Мадрид минатата сезона, а играше од јануари бидејќи претходно беше позајмен на Ривер Плата.