Серена Вилијамс гази сè пред себе: Американката обезбеди финале на Ју-Ес Опен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серена Вилијамс во последниот период игра фантастично на тениските терени, па речиси и да нема достојна противничка, која може барем малку да ѝ се спротистави.

Американката славеше многу лесно во четвртфиналето на гренслем-турнирот, а во полуфиналето беше подобра од Елина Свитолина од Украина со 6-3 и 6-1, за 71 минута.

Ова беше вкупно 101 победа на Вилијамс на турнирот и така го израмни рекордот на Крис Еверт, па сега е блиску до седмата титула на Ју-Ес Опен.

Нејзината противничка во финалето ќе биде Бјанка Ванеса Андреску, која со 7-6 и 7-5 славеше против Белинда Бенчиќ во второто полуфинале на турнирот.

Финалето на турнирот се игра утре од 22 часот.