Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс сака да настапи на Ју-Ес Опен, а таа информација ја потврди нејзиниот тренер Патрик Муратоглу.
Поранешната најдобра тенисерка во светот шест пати беше шампионка на Ју-Ес Опен, а до прекинот на сезоната играше на Австралијан Опен, каде што беше елиминирана во третото коло.
Веднаш потоа го освои турнирот во Окленд, што беше прв трофеј по породувањето во 2017 година.
„Таа се врати во тенисот за да освојува гренслем-титули, тоа е нејзина цел. Ју-Ес Опен ќе биде прва шанса да освои уште еден. Знаеме дека турнирите имаат одредени мерки поради ситуацијата со коронавирусот, па мора да видиме дали е подготвена да игра во такви услови“, кажа Муратоглу.
Гренслемот во Њујорк се очекува да почне на 31 август.