Серена во солзи ја напушти прес-конференцијата по поразот од Осака 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серена Вилијамс денеска беше поразена од Наоми Осака во полуфиналето на Австралијан опен, а американската тенисерка не излезе веднаш од теренот, туку остана и ја поздрави публиката.

Тоа што следеше на прес-конференцијата по натпреварот беше логично прашање дали тоа е последен поздрав и дали Американката го одигра последниот меч на Австралијан опен во кариерата.

Американката се обиде да избегне одговор на прашањето, но во тој момент се расплака и потоа стаа и замина од пред новинарите.

„Ако некогаш се збогувам, нема на никој да му кажам“, беше единствено нешто што кажа Американката.