Серхио Рамос разочаран од потегот на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос е без сомнение еден од најдобрите одбрамбени играчи на светот.

34-годишниот фудбалер веќе 15 години игра во дресот на Реал Мадрид со кој освои се што може. Рамос пристигна во Кралскиот клуб од Севилја во 2005. година за скоро 30 милиони евра и се покажа како фантастичен потег.

Рамос неколку сезони е капитен на Кралевите и е вистински лидер на теренот. Сепак, јасно е дека тој веќе полека влегува во финишот на својата кариера затоа што неодамна го прослави својот 34 роденден.

Сепак, Рамос изјави дека ќе игра се додека се чувствува добро на теренот. Тој има едногодишен договор со Реал и покажа желба да го продолжи.

Марка пишува дека Реал му понудил продолжување на договорот до 2022. година, но тоа го разочарало Рамос. Тој очекуваше дека договорот ќе биде продолжен до 2023. година, а тој е разочаран што клубот не верува дека ќе биде во врвна форма и тогаш.

Рамос напорно тренираше за време на тримесечната пауза, а тоа најдобро се гледа во неговата физичка подготвеност, која се чини дека е подобра од кога и да било.