Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Македонската репрезентација во минатиот натпревар против Велс беше на чекор до победа, но во последните секунди фудбалерот на Бормут, Брукс, успеа да постигне гол поради неколку несреќни грешки на нашата одбрана, што го донесе резултатот до 1-1.
Со ова, заврши низата на Столе Димитриевски кој на репрезентативно ниво беше со „чиста мрежа“ цели 711 минути.
Ова е најдолгата низа без примен гол во македонскиот фудбал. Последното примено беше на седми септември во натпреварот против Фарски Острови, исто така завршен со 1-1. Потоа, во наредните дуели со Ерменија и Летонија, како дома така и на гости, и натпреварите дома со Фарски Острови и на гости во Лихтенштајн, успеа да ја одржи мрежата недопрена.
Димитриевски ги држи и второто и третото место за најдолга низа без примен гол, со 326 и 301 минута соодветно.