Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серија А понекогаш знае да служи и како лига за потсмев ако се погледне работата на помалите клубови и нивниот однос со тренерите.
Последен е случајот со Бреша која пред 27 дена го избрка Еугенио Корини и на негово место го назначи Фабио Гросо.
Откако резултатите на клубот не се подобрија Бреша се реши на чудно решение, го избрка Гросо и го врати на кормилото Еугенио Корини.
Ова не е непознато за италијанските клубови. Клубот на Горан Пандев, Џенова, три пати во краток период го бркаше, па го враќаше хрватскиот стратег Иван Јуриќ, а сличен беше случајот и со Палермо каде играа Несторовски и Трајковски со нивниот тогашен тренер Давиде Балардини.