Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не беше дел од поразот на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Ливерпул со 0-4 во Премиерлигата бидејќи почина неговиот син по пораѓањето на Георгина Родригез.
Вереничката на Роналдо, Георгина се породи со близнаци, но преживеа само девојчето, по што во вчерашниот меч навивачите на Ливерпул покажаа голема почит кон семејството на Португалецот.
Во седмата минута од натпреварот почнаа да аплаудираат и да ја пејат познатата химна на Ливерпул со цел да му оддадат почит на Роналдо.
„Голема благодарност до Ливерпул. Никогаш нема да го заборавиме вашиот потег“, напиша сестрата на Роналдо.