Сетиен дециден: Не можам да замислам дека ова е мој последен натпревар во Барселона

Кике Сетиен  речиси сигурно ќе добие отказ од таборот на Барселона веднаш штом заврши Лигата на шампионите.

Евентуално него може да го спаси токму ова натпреварување во кое и покрај катастрофалниот финиш на сезоната во Ла Лига се меѓу фаворитите.

Како и да е, елиминација од Наполи ќе значи сигурен крај на Сетиен на клупата, а тренерот кој е на ударот на јавноста истакна дека воопшто не ни размислува на тоа во овој момент.

„Воопшто не ми панда на памет ниту во еден момент дека овој натпревар ќе ми е последен во Барселона. Мора да се подготвиме така за да продолжиме“ –кратко одговори Сетиен.