Северна Кореја нема да учествува на ОИ во Токио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Северна Кореја се откажа од учеството на Олимписките игри (ОИ) во Токио оваа година, а тоа го соопшти министерството за спорт во државата.

Таквата одлука беше донесена за спортистите да се заштитат од пандемијата на ковид-19 и така Северна Кореја стана прва држава која се откажа од ОИ во Токио.

ОИ се одложени од минатата за оваа година и ќе бидат одржани од 23 јули до 8 август со строги безбедносни и епидемиолошки мерки.