Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Андалужаните ќе пробаат да го доведат одличниот плејмејкер, дознава Марка.
Мета на Севиља е Гансо.
Овој 27-годишен Бразилец во ова лето по прв пат во кариерата може да се проба надвор од татковината.
Во кариерата играше за Сантос и Сао Паоло, чиј член е и ден денеска.
Со Сантос ја освои Копа Либертадорес (2011), а со Сао Паоло Копа Судамерика (2012). Носител е на голем број на индивидуални признанија како во Бразил, така и во Јужна Америка.
Досега одигра само 8 натпревари за кариоките, впечаток е дека е неоправдано запоставен во националниот тим со оглед дека со своето мајсторство и дека многумина го прогласија за наследник на легендарниот доктор Сократес.
Во случај да дојде до договор меѓу Севиља и Сао Паоло, Гансо ќе биде трето засилување на Андалужаните во ова лето. Пред него на Писхуан стигнаа Аргентинецот Хоакин Кореа од Сампдорија и Матијас Кранвитер на позајмица од Атлетико Мадрид.
Изгледа дека новиот тренер Хорхе Сампаоли сака да напрвави јужноамериканска колонија…