Севиља во дербито на Андалузија го совлада Бетис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гостите продолжија со серијата од добри резултати, додека домашниот тим го запиша и шестиот пораз за оваа сезона.

Севиља во рамките на 13. коло во Ла Лига одигра дерби на гости против Бетис и славеше со резултат од 2:1.

Гостите подобро го започнаа натпреварот, а во 13. минута веќе дојдоа до водство кога топката беше нафрлена во шеснаесетникот на Бетис, а Окампос на крајот постигна погодок за 1:0.

Бетис после тоа повеќе напаѓаше и беше подобар тим на теренот и креираше неколку одлични шанси, а во 45. минута конечно стигна до изедначување откако Лорен после асистенцијата на Емерсон ја погоди мрежата на гостите.

Само две минути подоцна, домашните можеа да дојдат до пресврт кога Морено имаше зицер, но голманот на Севиља мајсторски реагираше.

Севиља во продолжението повторно дојде до водство и тоа во 55. минута кога Банега асистираше, а Дејонг постигна гол за 2:1.

Домашните после тоа на неколку наврати се заканија, но не успеаа да дојдат до изедначување, а и Севиља ја имаше својата шанса да го постигне и третиот гол и да ги реши дилемите за победник на натпреварот.

Сепак, резултатот не се промени и Севиља запиша нови три бодови со кој се израмни со Атлетико Мадрид на табелата и двата тима сега имаат по 24 бодови, додека Бетис остана на 13 бодови и го завзема 17. место.