Шакира не го оставила Пике поради неверство, туку има друга причина!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се раздели со атрактивната пејачка Шакира, а медиумите шпекулираат дека тоа се случи поради неверство, но очигледно има друга причина за тоа.

Роберто Гарсија, поранешно момче на една од сестрите на Шакира, вели дека таа го оставиле Пике поради финансиски проблеми.

Пике побарал огромна сума на пари од неговата партнерка со која не беше во брак, а со нив сакал да отвори неколку компании во Колумбија и Бахамите, но Шакира не сакала да прифати.

Гарсија откри дека Шакира ништо не правела без дозвола од родителите, кои ѝ помагале за сè, а исто така кажа дека пејачката никогаш не размислувала за брак со Пике.