Шаќири го напушта Ливерпул, но не и Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарецот Џердан Шаќири најверојатно ќе го смени клубот во претстојниот трансфер период.

Иако има договор со Ливерпул до летото 2023. година, медиумите на Островот пишуваат дека се работи на трансферот на Шаќири и дека нема иднина за него на „Енфилд“.

Неговиот брат Ердин, кој воедно е и негов агент, неодамна откри дека очекува да има многу понуди за услугите на Шаќири, а според најновите информации, еден од заинтересираните клубови е Њукасл.

Јавна тајна е дека арапскиот шеик Мохамад Бин Салман има намера да го превземе Њукасл и има намера да го направи еден од најсилните клубови во Англија, а токму Шаќири е еден од оние за кои верува дека би можел да придонесе за постигнување на тие цели.

„Ливерпул е подготвен да го пушти Шаќири во Њукасл доколку дојде соодветна понуда“, се вели во соопштението.

Оваа сезона, Шаќири не играше редовно во тимот на Клоп, и поради повредите и поради тандемот „Мане-Салах“, кој функционираше беспрекорно на теренот.