Шалке испадна од Бундеслигата по 30 години, навивачите со јајца ги гаѓаа фудбалерите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивачите на Шалке ги нападнаа фудбалерите и стручниот штаб на клубот, откако испадна тимот од Бундеслигата по 30 години.

Навивачите не беа задоволни поради последниот пораз на нивниот омилен клуб на гости кај Арминија Билефелд (0-1), а околу 600 фанови ги чекаа пред стадионот.

„Кога тимот го напушти автобусот, навивачите фрлаа со јајца кон фудбалерите“, соопшти локалната полиција.

Со соопштение се јави и германскиот тим, кој го осуди нападот на фудбалерите.

„Го разбираме гневот, но клубот никогаш нема да прифати физичка сила кон нашите фудбалери и персоналот“, соопштија од Шалке.

Во инцидентот никој не бил повреден, а нема информации ни за уапсени навивачи.