Шампионот Денвер со триумф ја отвори серијата против Лејкерс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс славеше против Лос Анџелес Лејкерс со 114-103 на почетокот на плејофот во НБА-лигата

Лејкерс во третиот период имаше водство од 71-69, но Денвер се разигра и на почетокот на последната четвртина поведе со 96-81.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 32 поени, 12 скокови и седум асистенции, додека Џамал Мареј постигна 22 поени, шест скокови и 10 асистенции.

На спротивната страна најдобар беше Леброн Џејмс кој постигна 27 поени, шест скокови и осум асистенции.