Шчезни со урнебесен коментар посочи зошто тој е најдобриот голман во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Војчех Шчезни додека е на репрезентативна должност даде една изјава која брзо го обиколи фудбалскиот свет.

Според неа, тој е најдобриот голман во историјата на фудбалот. Секако дека таа изјава е дадена на шега, но и покрај тоа го обиколи целиот свет.

„Во Рома му бев резерва на најдобриот голман во светот и го седнав на клупа. Сега тој е во Ливерпул. Денес моја резерва е најдобриот голман во историјата. Заклучокот од сето тоа најверојатно е дека јас сум најдобриот во светот и во историјата. Доколку Фабијански ме седне на клупата во Полска, тој ќе биде најдобар во историјата“ –истакна голманот на Јувентус.