Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот тренер Антонио Конте го освои Скудетото со Интер, по што си замина од кормилото на тимот и сега е без ангажман.
„Дејли Мејл“ објави дека наскоро Њукасл ќе добие нови газди, односно шеикот Мохамед Бин Салман ќе го купи премиерлигашот, а веќе се размислува и за нов тренер.
Токму Конте е негова најголема желба, односно тренер кој би создал моќна екипа и во следните неколку години би се вклучил во борбата за титулата.
Се најавуваат големи инвестиции за засилувања, како и во инфраструктурата на тимот, за Њукасл најпрво да го нападне трофејот во Премиерлигата, а потоа и во Лигата на шампиони.
Конте знае како се освојуваат трофеи, а тоа го докажа претходно и со Јувентус и со Челси, како и со Интер минатата сезона.