Шеиците не успеаа со милиони евра, па Макрон ќе го убедува Мбапе да остане во ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе се очекува да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната кога му завршува договорот, а како негов следен клуб се споменува Реал Мадрид.

Мбапе во последната изјава кажа дека сè уште не донел конечна одлука за неговата иднина, иако Карим Бензема во интервју за „Л’Екип“ веќе го најави неговиот трансфер во „кралскиот клуб“.

Француските медиуми објавија дека шеиците со милиони евра не успеале да го убедат Мбапе да остане, па сега ќе се вклучи и претседателот Емануел Макрон во преговорите.

ПСЖ му ветил богат договор на Мбапе, но и капитенската лента за следната сезона, а се очекува Французинот да се изјасни за неговата иднина пред крајот на неговиот договор, иако се најавуваше такво нешто и по двомечот меѓу Реал и парижаните во Лига на шампиони.