Шеиците во Њукасл веднаш ќе потрошат 250 милиони евра на засилувања!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Њукасл конечно се ослободија од поранешниот газда Мајк Ешли, кој имаше многу добри понуди во минатото да го продаде тимот, но не го направи тоа.

Сепак, шеиците вчера го купија премиерлигашот и веднаш планираат да направат ремонт на екипата, како во составаот, така и во инфраструктурата на екипата.

Навивачите вчера го славеа заминувањето на Ешли, кој во претходната година е во профит од 38 милиони фунти затоа што премногу штедеше.

Инфестицискиот фонд од Саудиска Арабија ќе може да троши многу пари и без проблеми да остане во рамки на финансискиот фер-плеј, па наводно подготвил 250 милиони евра за засилувања, но прво мора да најде квалитетен тренер.