Шекил: Јас сум лидер, бог и владетел…


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Шекил О’Нил своевремено беше најдоминирачкиот играч во НБА, повеќекратен Ол-стар и шампион, а веќе со години во медиумите ги коментира денешните состојби во лигата.

Шекил се особено концентрира на центрите, позиција на која и самиот играше, и може да се каже дека не е задоволен од она што го гледа на паркетите на најквалитетната лига во светот.

Лигата е мека. Многумина мислат дека имам некој проблем со Руди Гобер, но тоа не е вистина. Кога гледачите ви овозможуваат да заработувате многу пари, тогаш мора да имате големи партии. Ако заработувате 250 милиони долари, тогаш играјте како што заработувате 250 милиони. Тоа е сè што барам”, кажа Шакил О’Нил.

Потоа продолжи во свој стил… Објасни ја својата улога во историјата на НБА, барем кога се во прашање центрите.

Јас сум лидер, бог и владетел на сојузот на центрите. Кога некој ќе освои четири титули може да ме замени. До тогаш, владее ‘шектатура’. Не ме спомнуваат во разговорите за најдобриот играч на сите времиња, но секој ме спомнува кога се зборува за најдоминирачките играчи. Мене и уште еден играч”, вели 53-годишниот О’Нил.

Фото: Принтскрин