Шекил почна да зборува на српски, па „прснаа“ од смеење со Јокиќ (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше еден од најдобрите во победата на Денвер нагетс против Лос Анџелес клиперс (127-115).

Србинот постигна 30 поени и 14 скокови и беше МВП на натпреварот, а поради тоа по крајот на дуелот даде изјава за „ТНТ“, каде што беше Шекил О’Нил кој се обиде да зборува на српски.

„Одлична игра, голема душо“, кажа Шекил на српски и така ги насмеа сите.