Шенгелија ја напушти Басконија и се пресели во ЦСКА Москва


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фантастичниот Торнике Шенгелија од денес е официјално нов кошаркар на ЦСКА Москва, а информацијата ја потврди рускиот клуб.

Крилниот центар од Грузија потпиша тригодишен договор, а Басконија ја напушта по шест сезони и титула шампион на Шпанија.

„Горд сум што се приклучив на актуелниот шампион на Европа. Се радувам на соработката со фантастична група играчи, па се надевам на многу успеси во Евролигата“, кажа Шенгелија.

Шенгелија во Евролигата минатата сезона имаше во просек 15,9 поени, 5,6 скокови и 2,9 асистенции по меч, додека во шпанскиот шампионат имаше просек од 16,6 поени, 6,3 скокови и 2,7 асистенции.