Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Турскиот кошаркар, Алперен Шенѓун, по триумфот на неговиот тим против Грција во полуфиналето на Евробаскетот, го сврти вниманието на спортската јавност со својата објава.
Иако назначен како играч со помалку поени за Хјустон Рокетс од нападот, неговото залагање во одбраната и на обрачите беше клучно за успехот на составот на тренерот Ергин Атаман.
Меѓутоа, наместо статистичките податоци, објавата на Шенѓун на социјалните мрежи го привлече фокусот. На Инстаграм, тој сподели фотографии и кратко видео од натпреварот со Грција, додавајќи коментар што голем дел од јавноста го протолкуваше како провокативен.
„Зарем морскиот воздух не ти годи секогаш?“, порача тој.
Објавата на Шенѓун за многумина беше асоцијација за „малоазиската катастрофа“, која е поврзана со војната меѓу Грција и Турција пред повеќе од 100 години, и претставува една од најголемите трагедии за нашиот јужен сосед.