Шест гола во Мадрид, првенец на Азар и мајсторија на Модриќ за триумф на Реал (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во осмото коло од шпанската Ла Лига, Реал Мадрид успеа да слави со 4-2 против Гранада, па така го потврди првото место на табелата, на која сега има 18 бода.

„Кралевите“ пред неколку дена доживеа кикс против Клуб Бриж во Лигата на шампиони, кога губеа со 0-2 и на крајот едвај освоија бод, но овојпат за нијанса подобро го одиграа мечот.

Карим Бензема во втората минута погоди за 1-0, по што следуваше и првенецот на Еден Азар за 2-0. Потоа Лука Модриќ со неверојатен погодок зголеми на 3-0, додека Гранада успеа да намали на 2-3, но не и да израмни бидејќи Хамес Родригез стрелаше за конечни 4-2.

Реал е прв со 18 бода, четири повеќе од Гранада, а толку има и Атлетико Мадрид, но тие имаат одиграно и меч помалку.