Шест клубови се против рестарт на фудбалот во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англичаните и понатаму го чекаат проектот за рестарт на фудбалот, но тоа зависи од мерките на Владата. Се очекува информација за почеток на тренинзите на клубовите, а дел од елитата имаат проблем и сметаат дека седум недели не се доволни за да го завршат шампионатот и ФА-купот.

Во плане да се одиграат две вонредни кола, а на клубовите им требаат и тринеделни подготовки, по индивидуалните тренинзи на фудбалерите.

Но, тие не се единствени. Како што објавија британските медиуми, последните шест клуба на табелата, Астон вила, Вотфорд, Вест хем, Брајтон, Норич и Бормут не сакаат да продолжи сезоната.

Сепак, клубовите од врвот на табелата не планираат ниту во сон лигата да биде поголема следната сезона или да се поништи оваа сезона затоа што станува збор за многу пари.