Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона денеска ги објави броевите на дресовите на фудбалерите за наредната сезона.
Прочуената “шестка“ која некогаш ја носеше одличниот играч за врска Чави доби нов сопственик.
Во неа во наредната сезона ќе игреа новајлијата Денис Суарез кој во ова лето стигна од Виљареал.
Новајлијата кој стигна од Валенсија Андре Гомеш го задолжи дресот со број 21, баш како и на Местаља, Лукас Диње го доби бројот 19, додека Самуел Умтити го избра бројот 23.
Единствен број кој остана слободен е бројот 15 кој до неодамна го носеше Марк Бартра.