Шифрин се врати од повреда и освои кристален глобус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската скијачка Микаела Шифрин постигна уште еден голем успех во кариерата, откако по пауза од шест недели се врати во шведски Оре и славеше во слалом со што ја обезбеди осмата титула во дисциплината во Светскиот куп.

Шифрин ја оствари 59. победа во слалом, односно вкупно 96. триумф во Светскиот куп, а со новиот трофеј се израмни со шведската легенда Ингемар Стенмарк.